Ракомет

Славната Барселона под нозете на Металург

23.02.2014 19:54

Ракометарите на Металург ја прегазија најдобрата екипа во Лигата на шампионите со резултат од 31:29...

Со пеколен финиш, македонскиот вицешампион Металург одигра натпревар за паметење против славната Барселона. Ракометарите на Металург ја прегазија најдобрата екипа во Лигата на шампионите со резултат од 31:29.
 
Барселона го претрпе првиот пораз во сезоната по 36 одиграни меча.
 
Иако овој натпревар не решава ништо во групата, многу ќе им значи на ракометарите на Металург пред осминафиналето од Лигата на шампионите.
 
Барселона го освои првото место во групата, а Металург е трет.