Зголемени водостоите на реките, Вардар излеан кај Јегуновце
08.03.2018 10:28
По синоќешните дождови зголемен е водостојот на реката, но и кај сите водотеци во земјата. Нивоата на Крива Река, Брегалница и Црна Река не бележат поголеми отстапувања.

Повторно се излеа Вардар кај тетовското село Јегуновце. По синоќешните дождови зголемен е водостојот на реката, но и кај сите водотеци во земјата. Нивоата на Крива Река, Брегалница и Црна Река не бележат поголеми отстапувања.
Магла има на одредени делници. Влажни коловози и дожд, а врнежи од снег има на Попова Шапка и битолско Буково. На одреден потег на правецот Струга- граничен премин Ќафасан, се препорачува внимателно возење.
Со прилагодена брзина да се вози и во клисурите поради појава на одрони.
