Совети за чувство на среќа

24.02.2014 10:23

Престанете постојано да водите сметка за својот изглед. Бидете она што сте и чувствувајте се добро во својата кожа. Бидете природни и ако во душата чувствувате дека нешто треба да направите, да кажете или покажете - направте го тоа без премногу размислување, спонтано. Ако имате долгови, отплатете ги најбргу што можете.

Престанете постојано да водите сметка за својот изглед. Бидете она што сте и чувствувајте се добро во својата кожа. Бидете природни и ако во душата чувствувате дека нешто треба да направите, да кажете или покажете - направте го тоа без премногу размислување, спонтано. Ако имате долгови, отплатете ги најбргу што можете.

Направете листа на приоритети и придржувајте се до неа. Парите трошете ги на она што ви е важно.Набргу ќе видите колку непотребни трошоци сте имале во животот, како и дека некои работи воопшто не ви биле важни, а сте се залажувале дека се. Не обрнувајте внимание на трачеви и што кој мисли. Ако сте вие природни и се однесувате во согласност со она што сте, нема причина да не бидете искрени, па тогаш и другите така ќе се однесуваат со вас.Ако имате брат или сестра сфатете дека тоа ви е најблизок род за цел живот и трудете се да одржувате добри односи. Оние што учат, нека го прифатат фактот дека тоа им е единствената гаранција нешто да постигнат во животот и дека тој клуч е постојано во нивните раце.

Што се однесува до медиумите, воведете ден за пост од нив. Барем еден ден во месецот поминете без телевизија, компјутер, мобиленЗа да видите дека не сте зависни од нив и да ги наполните батериите со прошетка во природа на свеж воздух. Ако имате нешто во станот што не го користите, подарете го и ослободете си простор, а со тоа ослободете си го и духот. Бидете добри кон своето семејство,  а ако некој е конфликтна личност, не влегувајте во јалови расправии со нив(неа). Доколку во вашиот живот сеуште нема вистинска љубов, не драматизирајте. Се си има свое време. Излегувајте без притисок дека тоа мора д асе случи.Можете убаво да си поминете и во кругот на драги пријатели, а љубовта ќе си дојде. Сакајте ги своите деца и она време што ќе го поминувате со нив, нека биде квалитетно. На работа, не губете време со работи кои не се дел од вашата професија. Фокусирајте се на работат па ќе бидете и поуспешни.

Тогаш ќе остане доволно простор и за по некоја шега и добри вибрации помеѓу вас и колегите.Соработувајте со другите. Водете сметка за своето здравје почитувајќи го своето тело и дух., но не со козметички постапки, туку дозволувајте си го она што ви годи. Јакнете го духот со содржини кои ве интересираат. Слободно истражувајте. Тоа се однесува и на еротскиот живот. При сето тоа бидете она што сте и не преправајте се. Ако немате доволно пари за дестинации кои од секогаш сте сакале да  ги посетите, истражете дали постојат поевтини можности за патување. Ќе се изненадите што се ќе откриете. Можете да планирате, а малку и да штедите. Одржувајте контакти со своите пријатели, но не со сила и ради реда. И ако долго време не сте се слушнале со некого, гласот или средбата нека бидат искрени и нека ве исполнуваат двајцата. Ако некои ве разочарале, не размислувајте премногу за тоа.Пуштете тоа   да избледнее со времето. Ако сте постигнале нешто во животот, опуштете се и научете да уживате во тоа. Сте заслужиле. Имајте хоби и уживајте во него.