Рочиште за жалбата на Грујевски и Бошкоски во Врховниот суд во Атина

09.03.2018 10:50

Претходното рочиште пред една недела беше одожено, бидејќи еден од адвокатите од грчкиот тим што ги брани двајцата поранешни разузнавачи, беше болен.

Врховниот суд во Атина треба да решава по жалбата за одлуката на Солунскиот суд за екстрадиција на поранешниот началник во УБК, Горан Грујевски и неговиот колега, Никола Бошкоски.

Претходното рочиште пред една недела беше одожено, бидејќи еден од адвокатите од грчкиот тим што ги брани двајцата поранешни разузнавачи, беше болен.

За Грујевски и Бошкоски, во Грција се водат три различни процеси, за фалсификување пасоши, за барањето за азил, и третиот, по македонското барање за екстрадицијата.

Советот на судии во Солун, на 5-ти јануари реши Бошкоски и Грујевски да бидат екстрадирани.