ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ е фокусирана на деструкција
Според опозициската партија, СДСМ преку правосудните органи монтира политички случаи против неистомислениците. Политичкиот прогон мора да запре, а судството да се ослободи од стегите на власта и да престане да постапува по партиски директиви.

Владата на СДСМ е фокусирана на деструкција, уривање споменици, притворање на неистомисленици, а економијата е крајно маргинализирана, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, СДСМ преку правосудните органи монтира политички случаи против неистомислениците. Политичкиот прогон мора да запре, а судството да се ослободи од стегите на власта и да престане да постапува по партиски директиви.
Колку побргу ќе си замине оваа неспособна власт, толку побргу ќе закрепне економијата и ќе се врати правната држава, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
