Турската армија го зазеде Џиндерес, клучен град во енклавата Африн
Турција презеде офанзива во Африн на 20-ти јануари за да ги протера курдските борци кои Анкара ги смета за безбедносна закана поради нивните врски со бунтовници во Турција.

Турската армија соопшти дека го зазела Џиндерес, клучен град во енклавата Африн во северозападна Сирија. Контролата од курдските борци била преземена само неколку часа, откако „Анадолија“ јави дека турски војници и сојузнички сили на сириската опозиција влегле во градот.
Турција презеде офанзива во Африн на 20-ти јануари за да ги протера курдските борци кои Анкара ги смета за безбедносна закана поради нивните врски со бунтовници во Турција.
Министерот за надворешни работи Чавушоглу изјави дека војската би требало да ја заврши операцијата во сирискиот регион Африн на почетокот на мај.
