Намален бројот на заболени од грип

09.03.2018 11:28

Во сезоната 2017/2018 вкупно се пријавени 19.210, а регистрираниот број на случаи е помал за 44 отсто споредено со истиот период од минатата сезона.

Во текот на на изминатата недела во земјава се регистрирани 2.781 заболен од грип, што е намалување за 35 отсто споредено со неделата пред неа, кога беа регистрирани 4.258 заболени лица, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Оваа недела најголем број заболени лица се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Скопје. Во сезоната 2017/2018 вкупно се пријавени 19.210, а регистрираниот број на случаи е помал за 44 отсто споредено со истиот период од минатата сезона.

Досега, најголем број на заболени лица – 2.386 се регистрирани во Скопје, а поголем број е пријавен и во Гостивар - 2.072 и Куманово - 1.787. Најголем број на заболени се во возрасната група од 15- 64 години.

Од Институтот за јавно здравје велат дека се очекува постепено намалување на нивото на активност на вирусот на грип во наредниот период.