Грција
Отфрлена иницијативата за комисија за аферата „Новартис“
09.03.2018 12:24
Во случајот со поткупот се вмешани 30 лица...

Грчкиот Парламент го отфрли предлогот на опозициската „Нова демократија“ за формирање комисија за утврдување евентуална одговорност на тројца министри од кабинетот на Ципрас за корупциски скандал со швајцарската фирма „Новартис“.
Во случајот со поткупот се вмешани 30 лица. Од нелегалните активности на фармацевтските компании, се проценува дека е направена штета од речиси 23 милијарди евра, а само од „Новартис“ загубата е околу три милијарди евра.
