Нов правилник на Министерството за образование за здрава храна во училиштата

09.03.2018 12:30

Изготвен правилник што ќе наметне нови стандарди за користење здрава храна. Од образование најавија санкции за директорите во училиштата што нема да ги почитуваат препораките. По јавната дебата, ќе следуваат законски измени и имплементација на новините...

Повеќе овошје и зеленчук на менито за храна во градинките и во основните училишта. Министерството за образование изготви правилник. Се очекува да наметне нови стандарди за тоа што треба да јадат децата. Министерката Дескоска најави санкции за директорите и за училиштата што нема да се придржуваат до пропишаното.

30 проценти од децата во Македонија живеат во сиромаштија, покажала спроведена студија. Едни гладуваат, други веќе се соочуваат со прекумерна тежина, како резултат на неизбалансираните оброци, објасни министерката за труд и социјална политика Царовска. Смета дека државата треба да има главната улога во надминувањето на овој проблем.

Од УНИЦЕФ апел- за децата да стекнат здрави навики од мали нозе треба да влијаат и семејството и институциите. Советуваат- првиот чекор е помалку да јадат шеќер, сол и масти.

Правилникот за стандарди во исхраната го разгледаа и нутриционистите. По јавната дебата, ќе следуваат законски измени, а потоа и имплементација на новините.

 

Викторија Милевска