Атина
Одложена одлуката по жалбата за екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски
09.03.2018 12:34
По барање на грчките адвокати на екс разузнавачите, расправата во судот беше зад затворени врати...

Во атинскиот Врховен суд одложена одлуката за екстрадицијата на поранешниот началник во УБК, Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошкоски.
По барање на грчките адвокати на екс разузнавачите, расправата во судот беше зад затворени врати. Објаснија дека се работи за политички прогон и дека нивните клиенти не се чувствуваат безбедни во Македонија.
За Грујевски и Бошкоски, во Грција се водат три различни процеси- за фалсификување пасоши, за барањето за азил, и третиот, по македонското барање за екстрадицијата.
Советот на судии во Солун, на 5-ти јануари реши Бошкоски и Грујевски да бидат екстрадирани. Следното рочиште е закажано за 26-ти април.
