Мицкоски во Софија на средба со Борисов

09.03.2018 12:38

Членството во ЕУ останува стратегиски приоритет, потенцирал Мицкоски. Посочил дека реформскиот процес во Македонија е под посакуваното ниво, и владиниот План 3-6-9 останува неисполнето слово на хартија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Софија на средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол. Разговарано за европската агенда на регионот и за јакнењето на соработката.

Членството во ЕУ останува стратегиски приоритет, потенцирал Мицкоски. Посочил дека реформскиот процес во Македонија е под посакуваното ниво, и владиниот План 3-6-9 останува неисполнето слово на хартија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во разговорот со бугарскиот премиер посочил дека ВМРО-ДПМНЕ е за развивање на добрососедски односи, кои се темелат на принципи, чесност и искреност, информираат од опозициската партија.