Филипче: Новиот Клинички центар ќе се гради во близина на Бардовци

09.03.2018 12:53

Министерот за здравство Филипче тврди дека тоа е најдобра опција, бидејќи сегашниот, во центарот на градот, е нефункционален. Се бараат начини како да се избегне плаќањето пенали од 5,5 милиони евра, поради раскинување на договорот со инвеститорот.

Сѐ поизвесно е дека новиот Клинички центар ќе се гради на локација во Бардовци. Министерот за здравство Филипче тврди дека тоа е најдобра опција, бидејќи сегашниот, во центарот на градот, е нефункционален. Се бараат начини како да се избегне плаќањето пенали од 5,5 милиони евра, поради раскинување на договорот со инвеститорот.

Покрај новиот Клинички центар, на новата локација во близина на специјалната болница во Бардовци, се планирани и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина. Тоа, како што посочи, ќе биде мал медицински град со лесен пристап за сите граѓани.

Одлуката за дислокација, наведе министерот за здравство Филипче, е донесена по широки консултации со лекарите , архитектите и граѓаните. Сегашната локација е загушена, не е можно сообраќајно решение и не обезбедува пристап за граѓаните до соодветна здравствена заштита.