Авганистан
Најмалку седум жртви во бомбашки напад во Кабул
09.03.2018 13:31
Министерството за внатрешни работи соопшти дека нападот најверојатно бил насочен против луѓето собрани да му оддадат почит на Абдул Али Мазари...

Најмалку седум лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во авганистанскиот главен град Кабул.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека нападот најверојатно бил насочен против луѓето собрани да му оддадат почит на Абдул Али Мазари, политички лидер од Шиитското малцинство на Хазарејците, убиен од Талибанците во 1995 година.
Група поврзана со терористичката група исламската држава ја презеде одговорноста за серија напади врз шиитски џамии и места каде се собираат Хазарејци.
