Разговорите од процесот „Жан Моне“ одложени за мај
09.03.2018 13:59
Од канцеларијата на Вајгл велат дека причината е само поради организациски причини...

Разговорите меѓу претставници на пратеничките групи во Собранието, иницирани од тројката европратеници Вајгл, Кукан и Флекенштајн одложени за мај.
Од канцеларијата на Вајгл велат дека причината е само поради организациски причини. Првично, се најавуваше средбата да се оддржи во средината на март во Охрид, со присуство и на еврокомесарот Хан.
Во процесот Жан Моне треба да се разговара за собранискиот деловник и етичкиот кодекс. Средбата се иницира за подобрување на дијалогот меѓу пратеничките групи по собраниските настани од 27-ми април лани.
