Единаесет земји го потпишаа Транспацифичкиот договор
Пред да стапи во сила, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се повлекува од документот.

Единаесет земји од двете страни на Тихиот Oкеан го потпишаа Транспацифичкиот договор за слободна трговија кој по повекувањето на САД пред една година, се сметаше за мртов.
Договорот беше промовиран од претседателството на Барак Обама, потпишувањето се случи во 2016 по едногодишни преговори меѓу 12 земји кои имаат пристап до Тихиот Океан.
Пред да стапи во сила, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека се повлекува од документот.
Договорот предвидува укинување на царинските и нецаринските пречки, како и воведување заеднички норми во неколку сектори на активност меѓу Австралија, Брунеи, Виетнам, Јапонија, Канада, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур и Чиле.
