Пет болници и четири училишта добија грантови од Јапонија
Пет болници и четири училишта од Јапонија добија 428 илјади евра неповратна помош за мали проекти. Амбасадорката Кеико Ханеда ги потпиша договорите за грант со институциите, укажувајќи на важноста од спроведувањето на проектите и посветеноста на Јапонија во јакнењето на билатералните врски помеѓу двете земји...

Амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда ги потпиша договорите за доделување грантови во вредност од над 428 илјади евра со девет јавни институции од Македонија. Парите се дел од програмата за поддршка на мали проекти за човекова безбедност. Оваа година, грантови добија пет јавни здравствени установи и четири основни училишта.
Ханеда укажа на важноста од спроведувањето на овие проекти и на посветеноста на нејзината земја за зајакнување на билатералните врски со Македонија.
Со неповратните средства ќе бидат набавени нови медицински возила, апарат за ултразвук и монитори за кислород, нови болнички кревети, ќе бидат реновирани дотраените покриви на училишта, а ќе биде инсталиран и нов систем за греење во училиштата.
Во Македонија досега се доделени околу 420 милиони евра преку различни програми од Јапонија.
Марина Стојанова- Тонева
