Промовирана евровизиската песна „Lost and found“
11.03.2018 20:15
Режисер на видео спотот е Јован Куциновски. Автор на музиката и текстот на песната е гитаристот и вокал на групата Бојан Трајковски, а за аранжманот се погрижи Дарко Димитров.
Промовирана песната „Lost and found“ со којашто Ај Кју ќе ја претстават Македонија на 63-тото издание на Изборот за песна на Евровизија, коешто ќе се одржи во Лисабон, Португалија.
Режисер на видео спотот е Јован Куциновски. Автор на музиката и текстот на песната е гитаристот и вокал на групата Бојан Трајковски, а за аранжманот се погрижи Дарко Димитров.
Ај Кју настапуваат во втората половина на Првата полуфинална вечер на 8-ми мај.
Разговорот со Ај Кју и видеозаписот на песната може да ги погледнете на следниот ЛИНК
