Звиздиќ во посета на Македонија, во БиХ од денеска само со лична карта
Заев и Звиздиќ ќе разговараат за унапредување на регионалната соработка, за зголемување на економската размена и за евроатлантските интеграции на двете држави. Премиерите се договорија во двете држави ќе се патува само со лична карта.
Свечен пречек за претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ на платото пред Владата на Република Македонија. Тој беше пречекан од премиерот Зоран Заев, при што беа интонирани химните на двете држави.
Заев и Звиздиќ ќе разговараат за унапредување на регионалната соработка, за зголемување на економската размена и за евроатлантските интеграции на двете држави. Премиерите се договорија во двете држави ќе се патува само со лична карта.
Ова е втор конкретен чекор за олеснување на движењето на граѓаните меѓу двете земји по веќе потпишаниот договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи, истакна премиерот Заев.
Покрај олеснување на движењето на граѓаните, со денеска потпишаниот Договор се олеснети и условите за учениците од основното и средното образование, како и за студентите, кои ќе учат под еднакви услови како домашните. Школарината ќе биде еднаква како и за домашните студенти.
Заев истакна дека Македонија и Босна и Херцеговина испраќаат порака оти сериозно се посветени на развивање пријателски односи во соседството и за сплотен регион насочен кон европски перспективи.
Звиздиќ оцени дека меѓу двете земји нема отворени проблеми.
Македонија и БиХ се најслични земји во регионот и добро се разбираат. Се соочуваат со слични политички и економски проблеми и она што е важно имаме иста основна цел а тоа е двжење кон ЕУ, порача Звиздиќ.
Потенцира дека она што сакаат двете земји е мир, економски просперитет, амбиент за економски развој и зголемување на животниот стандард.
