Министерот за надворешни работи на Полска во посета на Македонија
12.03.2018 10:52
Чапутович, министерот за надворешни работи на Полска, ќе има средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Јацек Чапутович, министерот за надворешни работи на Полска денеска е во Скопје. Тој ќе има средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
На средбата ќе биде отворена полско- македонската соработка во рамките на евроинтегративниот процес на државните службеници од двете земји.
Полска е дел од Вишеградската група, земји-членки на Европската унија кои постојано ја поддржуваат евроатлантската интеграција на Македонија.
