Новинарите ќе протестираат пред Владата

12.03.2018 10:54

Претседателката на Самостојниот новинарски синдикат, Чаусидис ги повика граѓаните и новинарите да го изразат протестот пред Владата поради недопирливоста и неказнивоста на Асани.

Новинарите денеска ќе протестриаат пред Владата. Протестот следува по заканите и навредите на функционерот на ДУИ, Беќир Асани кон претседателот на Здружението, Насер Селмани.

Претседателката на Самостојниот новинарски синдикат, Чаусидис ги повика граѓаните и новинарите да го изразат протестот пред Владата поради недопирливоста и неказнивоста на Асани.

Од Владата се бара да покаже функционирање на правната држава, слобода на говор и заштита на новинарскиот интегритет.