Доцнат пролетните активности во земјоделството

12.03.2018 10:59

Поради врнежливото време земјоделците ќе ги одложат пролетните активности за 15-сетина дена. Доцнењето ќе го одложи прихранувањето на житата што може да доведе до помали приноси или пожолтување на растенијата.

Поради обилните дождови пролетните сеидбени работи ќе доцнат барем 15-ина дена, а кога ќе се повлече водата од нивите, според експертите житото мора да се прихрани зашто може да има намалување на приносите.

Од дождовите влагата во почвата е голема и сите работи во полето ќе доцнат почнувајќии со производството на расадот на тутунот.

На поголем дел од земјоделските површини нема полави, но затоа има кал што не дозволува да се влезе во нивите.

Агрономите советуваат по сушењето на водата во нивите веднаш да се изврши прихранување на есенското жито бидејќи од дождовите хранливите материи се измиени.

Ако тоа не се направи може да има намалување на приносите кај житото и уништување на дел од посевите. На некои површини веќе е забележано пожолтување на растенијата.

 

Методија Трајков