Парламентарни избори на Куба
Се бираат пратеници во Националниот парламент, а наредниот месец се бираат и претседател којшто за прв пат нема да биде дел од семејството Кастро. Актуелтнио лидер Раул се повлекува од функција, но и натаму ќе владее со единствената легална партија на островот.

Преку парламентарните избори, Куба влегува во претпоследната фаза на процесот со кој завршува ерата на владеењето на семејството Кастро.На еднопартиското гласање се избира нов состав на националното собрание. За наследникот на 86-годишниот Раул Кастро, кој заедно со својот постар брат владееше со островот околу 6 децении, ќе се гласа на претседателските во април. Кастро останува на чело на Комунистичката партија, а неговиот заменик, Мигел Диаз Канел има најголеми шанси да стане претседател на Куба. Тој најави справување со американското ембарго на демократски начин.
„Сакам да победи тој што добро ќе ја води земјата. Тоа е најважно. Главната работа е да владеат добро и да се грижат за доброто на Кубанците.“
„Засега не знам кој ќе биде претседател на земјава. Можно е да биде Диаз Канел. Ми изгледа на добра личност, барем досега беше така. Ќе видиме.“
Над осум милиони Кубанци гласаат за ратификување на две официјлани кандидатски листи, една за формирање на националниот парламент од 605 членови, и другата за конституирање на 14 провинциски парламенти со вкупно 1.265 делегати. Тие не се обврзани да бидат членови на Комунистичката партија. Сепак, На листите нема ниеден противник на еднопартискиот систем на Куба.
Маја Филдишев
