Лидерите од регионот на конференција за инвестирање во Западен Балкан

24.02.2014 10:38

Темите на кои учесниците ќе дискутираат на конференцијата се диверзификација на енегија во Западен Балкан, улогата на новите извори и патишта за снабдување, инфраструкура во услови на рестриктиен буџет и улогата на приватниот сектор како и можностите за трговска интеграција на регионот...

Премиерот Никола Гуевски заедно со колегите од регионот денеска  во Лондон ќучествува на конференција на тема „Инвестирање во Западен Балкан“ во организација на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
 
Според најавите, се очекува премиерот пред присутните да се осврне на соработката со ЕБРД, можностите и капацитетите за нејзино интензивирање, како и за стратешките инфраструктурни проекти на Владата во сферата на патната инфраструктура, изградбата на Коридорите 8 и 10, инвестициите во  енергетиката, железницата и посветеноста кон привлекување инвестиции како механизам за обезбедување економски напредок на државата и перспектива за развој на регионот. 
 
Темите на кои учесниците ќе дискутираат на конференцијата се диверзификација на енегија во Западен Балкан, улогата на новите извори и патишта за снабдување, инфраструкура во услови на рестриктиен буџет и улогата на приватниот сектор како и можностите за трговска интеграција на регионот.
 
На конференцијата на тема „Македонски модел за подобрување на бизнис климата“ ќе има и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо. Тие ќе се осврнат на моделот кој се воспоставува за развој на бизнис климата. Ќе ги потенцираат и образложат реформите и механизмите кои Република Македонија ги презема за привлекување инвестиции, поволниот даночен пакет, погодностите за инвестирање во развојните зони кои го сочинуваат македонскиот модел за подобрување на бизнис климата. 
 
Целта на средбата е иницијатива за нов пристап на економско управување кој бил разговаран во ноември минатата година на состанок на високо ниво меѓу Европската комисија и главните меѓународни финансиски институции, при што било договорено како најдобро да ги координираат напорите во периодот 2014-2020 и во рамки на нивниот мандат да го поттикнат растот во земјите од Западен Балкан.