Предврмената пролет- внимателна грижа за здравјето

12.03.2018 11:24

Предвремената пролет и наглите промени на времето бараат внимателност - опасна е за хроничните болни. Зголемени се лекарските интервенции и препораки. Други пак- сакаат да уживаат во сончевата топлина...

Времето- пролет и пред да дојде пролетта. Температурните разлики и за 15-ина степени повеќе за кратко време, сериозно влијаат на здравјето, предупредуваат лекарите. Амбулантите со зголемен број пациенти.

„Бројот на пациенти е драстично зголемен, најмногу страдаат хроничните болни, луѓето со висок притисок, астматичарите, срцевите болни“, изјави д-р Снежана Петровска, Итна помош - Прилеп.

Граѓаните велат, мора да се носат со променливото време, иако го чувствуваат врз здравјето.

„Големи временски промени, се чувствуваат проблеми... Кој има мака, ќе си почувствува на здравјето“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.  

Други, главно, не му се лутат на топлото време. Сакаат да уживаат на  сонце.

„Пролетта уште не е дојдена, вака времето е пријатно, му се радуваме на сонцето“, вели еден прилепчанец.

Лекарите со препораки - внимателна адаптација на  временските промени.

 

Елизабета Митреска