Заев- Звиздиќ

Европската перспектива ја засили регионалната соработка

12.03.2018 12:48

Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ пречекан во Владата од премиерот Зоран Заев. Договорено- во двете држави ќе се патува со лична карта. Студентите и учениците нема да се третираат како странски државјани, на лето, авиолинија Скопје- Сараево преку Подгорица...

Европската перспектива на Западниот Балкан ја засили регионалната соработка. Македонија и Босна и Херцеговина потпишаа спогодби за влез на македонските и босанските државјани само со лична карта, се признаваат возачките дозволи, а учениците и студентите ќе се третираат како домашни.

Првите луѓе на властите во двете држави, Заев и Звиздиќ на средбата во Скопје соопштија дека ова лето се очекува да профункционира и авионската линија меѓу двете престолнини преку црногорската, Подгорица.

Трговската размена меѓу Македонија и Босна и Херцеговина годишно достигнува до 150 милиони евра. Сепак, на средбата е утврдено дека постои потенцијал за зголемување на економската соработка, туризмот, културата и на науката.

 

Ирина Гелевска