Виена

Нападнат војник пред резиденцијата на амбасадорот на Иран

12.03.2018 13:06

Не е познато што го мотивирало 26-годишниот маж да го изведе нападот, а полицијата ги проверува снимките од безбедносните камери.

Војник убил маж кој го нападнал со нож пред резиденцијата на амбасадорот на Иран во Виена. Не е познато што го мотивирало 26-годишниот маж да го изведе нападот, а полицијата ги проверува снимките од безбедносните камери.

Сѐ уште не е објавен идентитетот на напаѓачот, но познато е дека имал австриско државјанство.