Метео: Локални врнежи од дожд, температура до 19 степени

12.03.2018 14:23

Во крајните западни и источни делови се очекува зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд и ретка појава на грмежи.

Утре во поголем дел од Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност.

Во крајните западни и источни делови се очекува зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд и ретка појава на грмежи.

Ќе дува и умерен до засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска