75 години од злосторството врз македонските Евреи
Не сме ги заборавилле настаните од пред 75 години, тоа се нечовечки нешта направени од нацистите, изјави во Скопје бугарскиот премиер Борисов. Според премиерот Заев, единствен престап на Евреите било нивното постоење. Да не се повторат злосторствато и депортацијата во време на фашистичката окупација на Македонија...

Геноцидот никогаш да не се повтори и да не се заборави злосторството врз 7.144 македонски Евреи чии животи знаснаа во логорите на смртта во Треблинка. Со минута молк во некогашниот Монопол, дипломатскиот кор и Еврејската заедница ја одбележа 75 годишнината од геноцидот во 1943- та. Холокаустотот останува општо мерило за најголемото можно човеково зло.
Еден цел народ беше осуден да изгори на жртвеникот на човековата лудост и искривено сфаќање на светот. Ќе простиме, но никогаш нема да заборавиме за никогаш да не се повтори, порачаа потомците на македонските Евреи кои настрадаа во Треблинка.
Денеска ги повторуваме лекциите од минатото за уште посилно да си го осветлиме патоказот за иднината, рече премиерот Заев. Присуствотото на неговиот бугарски колега на одбележувањето на овој ден, го оцени како историски, европски и цивилизациски чин. Омразата не е наш избор, наши вредности се прифаќањето на различностите и почит кон другиот, рече Заев.
Бугарскиот премиер Борисов изрази жалење и почит за секој човек кој бил пратен да изгори во логорите, тоа не смее да се заборави, а таква грешка политичарите повеќе не смеат да направат, рече Борисов. Од ова, заклучок треба да извлечеме сите и да сфатиме дека на Балканот треба да работиме заедно, порача бугарскиот премиер.
75- годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта Треблинка се одбележа со повеќе настани. Граѓани, политичари, дипломатскиот кор маршираа низ повеќе градови во земјава за да ја искажат својата почит за жртвите од Холокаустот.
Викторија Милевска
