Новинарите протестираа пред Владата, притисоците и заканите мора да запрат
Новинарите протестриаа пред Владата. Ова следува по заканите и навредите на функционерот на ДУИ, Бекир Асани кон претседателот на Здружението, Насер Селмани. Асани е недопирлив- оценува претседателката на Синдикатот, Чаусидис. Во Владата ги осудуваат навредите...

Притисоците и заканите мора да запрат- порака од новинарите на маршот во одбрана на слободата на говорот и интегритетот на фелата. Протестот пред Владата следуваше по навредите и вербалните закани од функционерот на ДУИ, Бекир Асани и член на неговото потесно семејство кон претседателот на ЗНМ, Насер Селмани и неговото семејство.
„Време е да се направи разлика кој е за слободна и демократска Македонија, а кој е за насилниците“- порача Селмани.
„Владата на дело да покаже дека навистина се залага за правна држава и да преземе мерки, а не да праќа реакции и соопштенија . Обврска ѝ е да ги замолчи насилниците“ рече претседателнката на новинарскиот Синдикат, Тамара Чаушидис.
Реагираше министерот Роберт Поповски. Рече дека оваа Влада има нулта толеранција за какви било закани врз новинари и никој од оние кои се закануваат нема да биде заштитен.
Се огласи и вицепремиерот за европски прашања, Османи. Ги осуди навредите. Вели оти нема да штитат никого.
Новинарите побараа полициска заштита за Селмани и постапување на Обвинителството. Протестите ги организираше Самостојниот синдикат на новинарите и медиумски работници.
Наташа Гркова- Петрушевска
