Се урна авион на „Бангла Ерлајнс“ во Катманду
Авион на „Бангла Ерлајнс“ се урна во близина на меѓународниот аеродром во Катманду. На летот имало 67 патници и четири членови на екипажот. Според последните информации, спасени се 17 лица од авионот зафатен од пожар. Според портпаролот на аеродромот, авионот не успеал да слета на пистата и се урнал на фудбалски терен на кој за среќа немало никаков настан...

Авион од Бангладеш се урна покрај меѓународниот аеродром во Катманду. На летот имало 67 патници и четири членови на екипажот, спасени биле 17 лица, а според последните информации загинале најмалку 50-мина. Дел од медиумите, пак, објавија дека, загинале 38 лица, а дека 23 се повредени.
Авионот бил идентификуван како тип „Бомбардер деш 8 КУ-400“ со турбопропелерски мотор. Очевидци изјавиле дека виделе огромен облак чад над местото каде што се урнало леталото.
Според портпаролот на аеродромот, авионот не успеал да слета на пистата и се урнал на фудбалски терен кој се наоѓал во близина. Претходно беше објавено дека авионот, кој летал од дака, при слетување излетал од пистата и се запалил.
Несреќата се случила во попладневните часови по локално време. Откажани се сите летови од аеродромот „Трибуван“, а спасувачката операција по евентуални преживеани сѐ уште трае.
Марина Ристова
