Путин:„Сочи 2014“ е доказ дека Русија е добронамерна земја

24.02.2014 11:02

Рускиот претседател Владимир Путин ја поздрави успешната Олимпијадата во Сочи, сплотеноста на Русите и добронамерноста на Русија.

На церемонијата им беа врачени државни признанија на руските олимпијци кои освоија медеали, а Путин го потенцира и придонесот на организаторите, градителите, инженерите, како и „одлучувачкиот придонес“ на актуелната и претходната влада во подготовката на Зимските олимписки игри. Тој пособно ги посочи премиерот Дмитриј Медведев и вицепремиерот Димитриј Козак.

Путин ги повтори зборовите на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, дека Русија е отворена кон светот.

- За мене и за Вас тука нема ништо чудно, ние знаеме какви сме. Добро е да му покажеме на целиот свет дека сме многу добронамерна земја, земја која знае да пречека гости, да направи празник не само за себе туку и за сите љубители на спортот, да постигнува резултати и успеси, нагласи Путин.