Катманду: Авионот кој се урна погрешно слетувал
13.03.2018 10:22
Според снимката од разговорот меѓу пилотот и контролата за воздушен сообраќај, постоеле нејаснотии околу насоката на движење при приземјувањето бидејќи не се следеле инструкциите од контролната кула.

Авионот кој се урна во Катманду слетувал кон пистата од погрешен правец, изјави менаџментот на аеродромот во главниот град на Непал.
Според снимката од разговорот меѓу пилотот и контролата за воздушен сообраќај, постоеле нејаснотии околу насоката на движење при приземјувањето бидејќи не се следеле инструкциите од контролната кула.
Пилотот неколкупати повторил дека е во добра состојба. Во опожарениот авион на компанијата „ЈуЕс-Бангла Ерлајнс“ загинале десетици луѓе.
