Метис во ненајавена посета на Авганистан
Узбекистан ќе биде домаќин на мировна конференција за Авганистан, при што се очекува барање за директни преговори меѓу екстремистичката група и Владата.

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Метис е во ненајавена посета на Авганистан, на средба со претседателот Ашраф Гани и американскиот генерал Џон Николсон.
За него победата во војната ќе значи политичко помирување, а не воена победа. Изјави дека забележале интерес од талибанските претставници за преговори со Кабул за прекин на 16-годишната војна.
Узбекистан ќе биде домаќин на мировна конференција за Авганистан, при што се очекува барање за директни преговори меѓу екстремистичката група и Владата.
Талибанците не ја признаваат легитимноста на авганистанската Влада и сакаат да преговараат директно со Вашингтон.
