Тилерсон: Труењето на рускиот шпион доаѓа од Русија
И британската премиерка Тереза Меј предупреди дека ќе се преземат ригорозни мерки зашто е голема веројатноста дека Русија е одговорна за нападот со нервен агенс.

Според американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија е дело на Русија, за кое ќе следува одговор. Потенцираше дека руската Влада можеби не знаела за инцидентот, но отровот сигурно потекнувал од таа земја.
И британската премиерка Тереза Меј предупреди дека ќе се преземат ригорозни мерки зашто е голема веројатноста дека Русија е одговорна за нападот со нервен агенс.
Официјална Москва ги отфрла обвинувањата и возврати- изјавите на Меј се политички мотивирани.
Поранешниот резервен полковник на руското воено разузнавање бил ангажиран за британското разузнавање МИ6, поради што во 2010 година е осуден за предавство.
Сергеј Скрипал и неговата 33-годишна ќерка Јулија се во критична состојба, откако се пронајдени без свест на клупа во градот Салсибери на југот од Англија.
