„Акварели во чест на Љубомир Белогаски“ изложба во чест на мајсторот
24.02.2014 11:06
Во Галеријата „Љубомир Белогаски“ при Музеј на град Скопје во среда ќе биде отворена изложбата на акварели на Олга Димитрова - Оља.

Изложбата е насловена „Акварели во чест на Љубомир Белогаски“ со што Музејот на град Скопје одбележува 20 години од неговата смрт. Белогаски (1911-1994), академски сликар и педагог, еден од врвните мајстори на акварелот.
Олга Димитрова - Оља е родена 1946 година во Воронеж, Русија. Завршила ликовна академија во1972 година во Ташкент, Узбекистан. Од 1975 година живее и работи во Скопје.
