Заев: Правично законско решение за нотарите и за адвокатите
Заев информира дека денеска закажал состанок со министерот и со заменик- министерот за правда, неговиот советник за правни работи и претседателите на коморите на нотари и на адвокати и претставникот на Стопанската комора кој работи на оваа проблематика.

Ќе се бара правично решение за нотарите и за адвокатите, но целта е да се намалат трошоците на граѓаните пред секоја постапка, изјави премиерот Зоран Заев пред средбата со коморите.
Заев информира дека денеска закажал состанок со министерот и со заменик- министерот за правда, неговиот советник за правни работи и претседателите на коморите на нотари и на адвокати и претставникот на Стопанската комора кој работи на оваа проблематика.
Верувам дека денеска ќе најдеме решение кое е прифатливо за двете страни, а во функција на закон кој пред се ќе им служи на граѓаните. Забораваат во борбата кој ќе добие повеќе можности да заработи дека сите им служиме на граѓаните преку пренесени овластувања. Пред сѐ, нотарите, но секако и адвокатите, истакна премиерот Заев.
Најавува измени во Законот за нотаријат, за донесеното решение да биде во функција на граѓаните.
