Метео: Умерено облачно со сончеви периоди
13.03.2018 13:20
Услови за локални врнежи од дожд се очекуваат во крајните источни и западни планински подрачја.

Утре во Македонија ќе се задржи умерено облачно време со сончеви периоди и со умерен ветер од западен правец.
Услови за локални врнежи од дожд се очекуваат во крајните источни и западни планински подрачја.
Максималната температура ќе достигне до 19 степени. Скопје утре со температура до 16 степени.
Претежно стабилно и суво време ќе имаме и во четврток.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
