Формула 1

Нов формат за поинтересни квалификации

24.02.2014 11:15

Штедењето пневматици во третата сесија од квалификациите ќе биде минато. Тимовите во Ф1 се согласни со промената на правилата за саботните квалификации. Првата сесија место досегашните 20 ќе трае 18 минути, а третата ќе биде подолга за 2 минути односно ќе трае 12.

16-те болиди што ќе минат во вториот дел од квалофикациите ќе добијат дополнителен сет пневматици што ќе можат да ги користат само во третата сесија, но потоа ќе мора да ги вратат на произвидителот. Тоа значи дека најдобрите од третата сесија од квалификациите ќе стартуваат на компонентата со која оствариле најдобро време во втората сесија, а во третата нема да мораат да ги штедат пневматиците што ќе донесе поинтересна битка за пол позицијата.

За да стапат на сила новите правила треба да бидат одобрени од советот за моторспорт што по согласноста на сите тимови ќе биде само формалност.