Синод на МПЦ-ОА: СПЦ покажува хегемонистички аспирации
13.03.2018 15:08
Предлог- текстот за промена на Уставот на Српската православна црква содржи хегемонистички аспирации и националистички претензии врз суверенитетот и независноста на Република Македонија...

Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква - Охридска Архиеископија, со став предлог-текстот за промена на Уставот на Српската православна црква содржи хегемонистички аспирации и националистички претензии врз суверенитетот и независноста на Република Македонија.
Исто така, претставува и грубо мешање во јурисдикцијата на МПЦ-Охридска Архиепископија, велат од Синодот, од кадешто сметаат и дека СПЦ покажува контрадикторност и непринципиелност кон сопствените одлуки во однос на земјава.
