Безвизен режим меѓу Македонија и Кина
14.03.2018 10:11
Одлуката доаѓа по предлог на министерствата за надворешни за потпишување меѓусебна спогодба.

Безвизен режим меѓу Македонија и Кина- се креваат границите за државјаните на двете земји, реши вчера Владата. Одлуката доаѓа по предлог на министерствата за надворешни за потпишување меѓусебна спогодба.
Како што соопшти владината прес-служба, на седницата е прифатен и предлогот за поведување постапка за водење преговори за потпишување спогодба за еднострано времено укинување на визите за краткорочен престој за државјаните на Република Украина, Руската Федерација, Азербејџан и Казахстан
