Димчевска избрана за в.д. претседател на скопска Апелација

14.03.2018 13:13

Судскиот совет денеска со 13 гласа „за“ и еден „против“ ја избра сѐ до новиот избор на претседател на овој второстепен суд.

Лидија Димчевска е избрана за вршител должност- претседателка на скопскиот Апелациски суд. Судскиот совет денеска со 13 гласа „за“ и еден „против“ ја избра сѐ до новиот избор на претседател на овој второстепен суд.

Досегашната претседателка на судот, Љиљана Ивановска-Шопова, која заминува во пензија, како претседателка на Кривичниот совет, дозволи бомбите на СЈО да бидат доказ во постапките.