АТИНА

Зголемен приливот на мигранти на грчките острови

14.03.2018 13:50

Полициски извори изјавиле дека е очигледно оти Турција во целост го контролира протокот на мигранти кон грчките острови и дека Анкара решава кому да му ги препрати.

Медиумите во Грција пишуваат дека на грчките острови во последните четири дена пристигнале повеќе од 500 мигранти и бегалци од Турција.

Полициски извори изјавиле дека е очигледно оти Турција во целост го контролира протокот на мигранти кон грчките острови и дека Анкара решава кому да му ги препрати.

Намалувањата на бројот на мигранти во последните 15 дена им дало можност на грчките власти да ги подобрат условите за живот во прифатните центри на островите од каде илјадници луѓе се преместени во внатрешноста на земјата.