Препукувања меѓу Москва и Лондон за Скрипал
Официјална Москва соопшти дека нема да одговори на ултиматумот на Лондон додека Велика Британија не ѝ достави на Русија примероци од материјата на која се повикуваат британските истражители.

Русија не одговори во зададениот рок на барањето на Велика Британија да објасни на кој начин нервниот гас од руско производство со којшто беа отруени поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија стигнал во Англија.
Официјална Москва соопшти дека нема да одговори на ултиматумот на Лондон додека Велика Британија не ѝ достави на Русија примероци од материјата на која се повикуваат британските истражители.
Британската премиерка Меј ја обвини Русија за одговорност, на што Русија упати остар протест до британската амбасадорка во Москва отфрлајќи како неосновани обвинувањата на Лондон.
Во меѓувреме, Николај Глушков, близок соработник на починатиот руски тајкун Борис Березовски, бил пронајден мртов во неговиот стан во Лондон, само неколку дена откако поранешниот руски шпион скипал и неговата ќерка беа нападнати со нервен гас во Салсбери. Николај Глушков е руски бизнисмен, осуден за корупција и перење пари.
