Фирмите заинтересирани за државната помош, бараат јасни критериуми и транспарентност
Фирмите се заинтересирани за државната помош, но бараат јасни критериуми и транспарентност при постапката за аплицирање. Прашуваат- каква е стратегијата за оние со блокирани сметки. Од Фондот за иновации одговор- економскиот план има амбиција да ја поттикне конкурентоста, а не да ги спасува фирмите од пропаѓање...

Планот за економски раст има амбиција да ја поттикне конкурентноста и да го регулира пазарот, а не да ги реши проблемите во економијата генерално- став од Фондот за иновации на дебатата со бизнис еснафот во Стопанската комора.
Малите и средни фирми се заинтересирани за државната помош, но бараат јасни критериуми и транспарентост за аплицирање за економските мерки. Добра идеја има, тим нема- може ли истовремено да аплицира за повеќе мерки, има ли простор за оние со блокирани сметки. Низа ставови, но и дилеми.
Ќе се ценат добар проект и бизнис план, но и капацитетот на компанијата да го реализира. Стручен тим ќе помага, како се подготвуваат проектите и апликациите, вели првиот човек на Фондот за иновации.
Фирмите задоволни, велат ќе се поттикне иновативноста и со обуки и дополнителни знаења ќе се генерира и нов кадар.
Преку мерките од третиот столб на располагање се 10,5 милиони евра преку Фондот за иновации. До крајот на месецов ќе биде објавен првиот повик, другите два во јуни и во септември. Дополнителни 7, 5 милиони евра има и од Македонската банка за поддршка и развој, средства што не биле досега искористени.
Сузана Фиданска - Стоевска
