Почна реализацијата на ИПАРД 2

15.03.2018 12:42

Со потпишувањето на првите четири договори за инвестиции во вредност од 250.000 евра почна реализацијата на ИПАРД 2 програмата. Според планот, треба да бидат објавени уште два огласи за користење на средствата од европскиот земјоделски фонд од вкупно 60 милиони евра...

Скоро 60 милиони евра од ИПАРД 2 програмата им стојат на располагање на земјоделците до 2023 година.

На првиот јавен повик што заврши во јули минатата година пристигнаа повеќе од 1.600 барања, а досега се потпишани првите четири договори за инвестиции во вкупна вредност од 250.000 евра.

Парите се наменети за вложување во основни средства за преработка на земјоделски и производи од риба.

Платежната Агенција ќе продолжи со склучување на договори за одобрените проекти по што ќе следи исплата на средствата, а потоа ќе почнат и постапки за распишување на уште два јавни огласи за ИПАРД програмата.

Стапката на кофинансирање на инвестиции во земјоделските стопанства со ИПАРД 2 наместо 50 може да се зголеми и до 70 проценти ако се инвестира во неразвиените планински подрачја.

 

Методија Трајков