Делегација на ЕП тајно разговарала со Северна Кореја
Досега одржале 14 средби, а наредната е планирана наскоро во Брисел. Информацијата е обелоденета во пресрет на предложените преговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.

Делегација на Европскиот парламент водела тајни разговори со Северна Кореја цели три години со цел да ги убеди да седнат на преговарачка маса и да стават крај на нуклеарната програма.
Досега одржале 14 средби, а наредната е планирана наскоро во Брисел. Информацијата е обелоденета во пресрет на предложените преговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.
Делегацијата на ЕП се сретнала и со претставници на Вашингтон, Пекинг, Токио и Сеул, за да води дијалог за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
