Новоизбраните членови на Советот на јавни обвинители дадоа свечени изјави во Собранието
Новизбраните членови на Советот на јавни обвинители, Солев и Илиевски дадоа свечени изјави во Собранието. Сметаат дека не е хендикеп поранешното членување во политичка партија, ниту пак давањето правна помош на политичари...

Ќе ја оправдаме довербата, ќе работиме според Законот, новите членови на Советот на јавни обвинители, Солев и илиевски дадоа свечена заклетва. Илиевски на јавноста и е познат како адвокат на екс- разузнавачот Верушевски. Не гледа ништо спорно во тоа што претходно бил член на политичка партија, ниту е хендикеп што како адвокат давал правна помош на политичари од СДСМ.
Како поранешен судија и член на Судскиот совет, Солев рече дека ќе се залага за професионално работење. Смета дека се неопходни критериуми за избор и унапредување во повисоките обвинителства. Тврди- никогаш не сум бил член на политичка партија. Две години бил претседател на суд во владеењето на СДСМ и две години кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Вели- немало забелешки на неговата работа.
За наводен непотизам на претседателот на Советот на обвинители Коле Штерјев и за евентуална негова оставка, новите членови со став- доколку се повредени законските прописи, тоа треба да се утврди, а за моралниот аспект, личната одлука е на претседателот на Советот.
Наташа Гркова- Петрушевска
