СЛОВЕНИЈА
Премиерот Церар поднесе оставка
15.03.2018 13:10
Според пресудата, владината поддршка на проектот во текот на кампањата на референдумот била еднострана и можела да влијае врз исходот на гласањето.

Словенечкиот премиер Миро Церар поднесe оставка, бидејќи Врховниот суд го поништи референдумот за еден железнички проект.
Според пресудата, владината поддршка на проектот во текот на кампањата на референдумот била еднострана и можела да влијае врз исходот на гласањето.
Септемвриското гласање го поддржа владиниот план за изградба на 27 километри пруга од пристаништето Копер до границата со Италија.
Оставката на Церар се случува само три месеци пред парламентарните избори најавени за јуни.
