Мичел на средби со грчкиот државен врв во Атина

15.03.2018 13:51

Се очекува да се фокусира на тензиите со Турција. Нема официјална потврда, дали ќе стане збор и за разговорите меѓу Македонија и Грција за името.

Продлабочување на Американско- грчките стратешки врски и билатералната соработка во одбраната, енергијата, трговијата и инвестициите, ќе биде тема на разговорите на американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Вес Мичел на средбите со грчкиот државен врв во Атина.

Се очекува да се фокусира на тензиите со Турција. Нема официјална потврда, дали ќе стане збор и за разговорите меѓу Македонија и Грција за името. Претставникот на Стејт Департментот ќе се сретне со членови на грчката влада, но не со грчкиот премиер Алексис Ципрас и со министерот за надворешни работи Коѕиас.

Во Скопје, Мичел изрази задоволство од напредокот во разговорите за името и поддршката за евроатланските аспирации на Македонија. Вашингтон ги охрабрува двете пријателски држави, Македонија и Грција, самите да постигнат заемно прифатливо решение за името.

Грчките медиуми не се поканети на средбите на американскиот помошник државен секретар со грчките власти. Тој во Атина ќе престојува само неколку часови, бидејќи попладне има средби со властите на Кипар.