УЈП
Последен ден за поднесување Годишни даночни пријави
15.03.2018 13:58
Регионалните канцеларии на УЈП ќе работат продолжено до 21.30 часот, а даночните одделенија во другите градови до 18 часот.

Денеска е последен ден за поднесување Годишна даночна пријава за остварените приходи во 2017-та година. Управата за јавни приходи информира дека обврската до вчера ја исполниле над 334 илјади граѓани.
Регионалните канцеларии на УЈП ќе работат продолжено до 21.30 часот, а даночните одделенија во другите градови до 18 часот.
Во УЈП се очекуваат уште околу 100 илјади пријави, но потсетуваат дека неподнесувањето даночна пријава повлекува и казна од 100 до 200 евра во денарска противредност.
